(ВИДЕО) Крмов: Сточарите го даваат млекото без цена, а Владата замижува пред неконтролираниот увоз

Од:

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, на денешната седница за опозициски пратенички прашања упати две прашања до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, посочувајќи дека земјоделскиот сектор се соочува со сериозна криза, а Владата не презема суштински мерки за нејзино надминување.

На почетокот од своето обраќање, Крмов изрази жалење што новоименуваниот министер Борче Серафимовски не присуствувал на седницата, оценувајќи дека како политички функционер и долгогодишен државен секретар во Министерството требало лично да одговара на прашањата на пратениците.

Во првото прашање, Крмов се осврна на состојбата во млечниот сектор, каде, како што посочи, сточарите се соочуваат со неисплатени субвенции, неизвесен откуп и откупни цени што не ги покриваат ниту основните производствени трошоци.

„Толку се очајни сточарите што моментално го даваат млекото без цена. Подобро им е да го предадат, па потоа да потпишуваат договори, отколку да им пропадне производството“, истакна Крмов.

Тој нагласи дека домашното производство покрива само околу 62% од потребите на македонскиот пазар, но и покрај тоа, домашните производители се доведени во незавидна положба поради, како што рече, неконтролираниот увоз на евтино млеко и млеко во прав од Србија.

„Големите млекари, кои се сопственост на српски фирми, повеќе се грижат за своите кооперанти во Србија отколку за сточарите во Македонија. Владата знае каде е проблемот, но замижува“, порача Крмов, прашувајќи дали Министерството ќе преземе конкретни мерки за ограничување на таквиот увоз и за заштита на домашното производство.

Во второто пратеничко прашање, Крмов се осврна на политиката за доделување ловишта под концесија на приватни лица, оценувајќи дека ваквиот модел резултирал со прекумерен лов, уништување на дивечот, занемарување на грижата за ловиштата и постепено распаѓање на ловните друштва.

Тој истакна дека, ловиштата се претвораат во привилегија за мал број концесионери, додека обичните ловци сè потешко доаѓаат до нив, а последиците ги трпат и природата и екосистемите.

Крмов побара Министерството да ја преиспита оваа политика и повторно да го врати моделот според кој ловиштата ќе се доделуваат исклучиво на ловните друштва.

Би можело да ве интересира

Левица: СДСМ ќе останат запаметени дека поради таен договор со Мицкоски не дозволија опозициско обединување за една изборна единица

За премиерот пресудата за „Талир„ е задоволување на правдата, опозицијата жестоко реагира

Катерина Ѓуровски

Левица: Мицкоски го допре дното – наместо аргументиран и приземен одговор, со лични навреди и вмешување на семејството го нападна Мециновиќ

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ ги одби амандманите за заштита на жртвите на сексуално и семејно насилство

ВИДЕО: Левица и СДСМ удрија по Тошковски откако МВР распиша меѓународна потерница за Цуната која и избега на полицијата низ прозорец во Кочани

(ВИДЕО) Апасиев кон Мицкоски: Вие сте како кнезот Потемкин – Владата ви е привид, лага и измамничка фасада

Горан Наумовски