Мицкоски ги прекори опозициските партии дека и по неколку дена не усогласиле став за Изборниот законик, СДСМ експресно му одговори

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека владејачкото мнозинство е подготвено да го прифати секој предлог на опозицијата за измените на Изборниот законик, доколку во него биде содржано и решението за гласање на дијаспората, со цел земјата да ги исполни реформските обврски до средината на јули.

Тој рече дека пратениците од власта имаат усогласен став и дека се подготвени да прифатат предлози за една изборна единица, измени во финансирањето на партиите и други решенија, доколку опозицијата постигне заеднички став.

„Кажете што сакате, ставете го на хартија, ние ќе го прифатиме. Само да биде содржано гласањето на дијаспората“, изјави Мицкоски при посетата на Битола.

Според него, Изборниот законик е последната од десетте реформи што државата треба да ги заврши во рамки на реформската агенда, а рокот е продолжен до 15 јули.

Мицкоски оцени дека сегашниот начин на гласање на иселениците не им овозможува реално да го остварат избирачкото право, особено на граѓаните што живеат во Австралија, Канада и другите прекуокеански земји. Тој ја обвини Левица дека го блокира процесот и рече дека партијата „прави театар за мал број гласачи“, а посочи и дека СДСМ поднела голем број амандмани.

Премиерот повтори дека сè уште нема усогласен предлог од опозициските партии.

На изјавите на Мицкоски реагираше СДСМ, од каде обвинија дека вистинската цел на власта не се изборните реформи, туку, како што наведуваат, „изборен грабеж“ преку гласањето на дијаспората.

Од опозициската партија тврдат дека предложените модели за електронско гласање и гласање по пошта не содржат доволно механизми за контрола и гарантирање на изборниот интегритет.

„Кажуваме, сакаме да не ги крадеш гласовите на граѓаните на избори преку дијаспората“, порачаа од СДСМ.

Од партијата оценуваат дека Мицкоски ја користи реформската агенда како оправдување за, како што велат, неспособноста да ги исполни евроинтеграциските обврски и сметаат дека токму власта е одговорна за недостигот од политички консензус за Изборниот законик.

СДСМ најави дека ќе се спротивстави на секое решение што, според нив, отвора простор за изборни злоупотреби и ќе го брани гласот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Апасиев: Неспособни тендераши не убедуваат дека комарците се размножувале во вазните за цвеќиња на гробишта

А1он

Мециновиќ: Eдинствени сме кои можеме да ги мобилизираме и да подадеме рака на сите елементи во општеството

А1он

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка

(ВИДЕО) Мустафаоглу: Градот брои само прелетани хектари, не го интересира ни со што, ни дали ефективно и воопшто се прска против комарци

Горан Наумовски

Левица: 14 жртви, нула одговорност – пресудата за модуларната болница ја потврди играта на ДПМНЕ и СДСМ

Горан Наумовски

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски