Техеран: Нема друг начин – САД мора да го признаат новиот ирански режим во Ормутскиот теснец

Од:

САД мора да го признаат „новиот ирански режим во Ормутскиот теснец“ откако Иранската револуционерна гарда (ИРГК) објави напади врз 85 американски објекти во регионот, изјави Ебрахим Азизи, претседател на Советот за национална безбедност на иранскиот парламент.

„Нема друг начин. Признајте го новиот ирански режим во Ормутскиот теснец“, напиша тој на својот профил X.com.

ИРГК претходно соопшти дека извршила операција со ракети и беспилотни летала во која биле погодени 85 американски воени објекти во Бахреин и Кувајт, како што наведе, во одговор на американските воздушни напади врз цели во јужен Иран.

Би можело да ве интересира

Техеран ѝ се заканува на Европа: Земјите што ќе обезбедат бази за напади врз Иран ќе бидат цели

Багаеи: Лажни се извештаите дека Иран развива биолошко оружје

Трамп се соочува со тешка одлука

Американската воена операција против Иран достигна цена од над 44 милијарди евра

Трамп: Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје

Трамп: САД и Кина сакаат Ормутскиот теснец да остане отворен