Градоначалникот на Карпош се врати на работа, Лукровски веќе не е на боледување

Од:

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека по период исполнет со здравствени предизвици повторно се враќа на своето работно место.

Тој истакна дека изминатиот период бил големо искушение, но и животна лекција која го научила дека вистинската сила е во тоа повторно да се стане по падот.

„Денес, со голема благодарност и искрена радост, повторно се враќам на своето работно место. Ова враќање за мене не претставува само продолжување на професионалните обврски, туку и лична победа над здравствените предизвици со кои се соочив во изминатиот период“, напиша Лукровски.

Во објавата тој упати благодарност до заменик-градоначалникот на Карпош за поддршката и професионалноста, како и до премиерот Христијан Мицкоски за, како што наведе, човечноста, поддршката и помошта во неговата борба.

Лукровски им се заблагодари и на својот тим, вработените и советниците во Општина Карпош, како и на семејството, пријателите, сограѓаните, лекарите и сопартијците кои му давале поддршка во периодот на закрепнување.

Воедно, тој ги демантираше шпекулациите поврзани со неговото име, оценувајќи дека одредени поединци и политички партии се обиделе да извлечат политички поени од неговата здравствена состојба.

„Само оние кои недоволно ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал. Сега по Божја волја се враќам со нова енергија, со уште поголема посветеност и со јасна цел – да продолжам да работам одговорно, чесно и посветено, во интерес на граѓаните и развојот на нашата општина“, порача Лукровски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Милевски: Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?

Горан Наумовски

Јакимовски: Лукровски не се појавува на работа по боледувањето, за три дена недоаѓање се добива отказ

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

ГРОМ: Не е боледување, Сотир Лукровски избега од Карпош

Општина Карпош: Градоначалникот Лукровски нема поднесено оставка, во мометов користи боледување

А1он

Јакимовски: Лукровски злоупотребил национални чувства за лична промоција