Простување со Владо Јаневски, фановите ќе се соберат на платото пред арената „Борис Трајковски“

Од:

Вечерва, со почеток во 20 часот, на платото пред арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи комеморативен собир во чест на Владо Јаневски, кој неодамна почина по кусо боледување.

Настанот го организира продукцијата „Прагма“, со цел пријателите, колегите и бројните почитувачи на неговата музика заеднички да му оддадат последна почит на еден од најзначајните македонски кантавтори и изведувачи.

„Ќе се собереме уште еднаш за да му се поклониме на Владо. Неговите песни повторно ќе одекнат, а светлината од свеќите ќе биде нашиот начин да кажеме благодарам“, порачаа организаторите.

Од „Прагма“ ги повикаа сите што ја сакале неговата музика и растеле со неговите песни да бидат дел од вечер исполнета со сеќавања, емоции и благодарност.

Владо Јаневски зад себе остави богато музичко наследство и бројни хитови што со децении беа дел од животите на генерации слушатели. Неговото творештво ќе остане трајно запишано во македонската музичка историја.

Би можело да ве интересира

Владо Јаневски ќе биде погребан в среда

Катерина Ѓуровски

Понекогаш зборовите не се доволни. А понекогаш се излишни, со емотини пораки, јавните личност се простуваат од Владо Јаневски

Почина Владо Јаневски

И Владо Јаневски му откажа на Груби: Ќе има ли македонски пејач на прославата за Рамковниот?

A1on