„Македонија во нас“, во понеделник концерт на Скопско лето

Од:

Концерт насловен „Македонија во нас“, ќе се одржи на 29.06.2026г. – понеделник, со почеток во 20:30 часот на отворената сцена на „Кеј 13 Ноември“, споменик на Гемиџиите. На концертот ќе учествуваат Народните ансамбли „Светлост“ од Мелбурн и „Македонски бисери“ од Волонгонг. Овој настан е во соработка со Националната агенција за иселеништво на Македонија, а влезот е слободен.

Народните ансамбли „Светлост“ од Мелбурн и „Македонски бисери“ од Волонгонг, Австралија, ќе настапат со заеднички целовечерен концерт посветен на македонската традиција, фолклор и културно наследство. Двете друштва, кои со децении ја негуваат и афирмираат македонската песна, игра и култура на австралискиот континент, ќе изведат програма инспирирана од богатата фолклорна традиција на Македонија, меѓу кои „Пиринско пролетно цвеќе“, „Ѓурѓовден“, „Малешевска“ и „Седенка“. Концертот претставува средба на традицијата, иселеништвото и живото културно наследство, зачувано и пренесено низ генерации далеку од татковината.

МКУД „Светлост“ е првото македонско друштво формирано во Австралија во 1960 година од македонските доселеници во Австралија, Ристо и Ана Василеви.

На својот прв концерт во 1961 година, „Светлост“ привлече над 1,000 посетители. Од тогаш, редовно учествува на повеќе манифестации, како што е и мултикултурниот Мумба фестивал во Мелбурн. Исто така, има направено две турнеи низ Македонија во 1977 и 1991 година, со што се зацврстуваат културните односи со татковината.

Денес „Светлост“ брои околу 100 играорци од најразлични возрасти и успешно учествува на традиционалниот Илинденски фестивал во Мелбурн каде што учествуваат и многубројни македонски културно уметнички друштва од истиот град.

Денес МКУД Светлост е место каде се продолжува традицијата на македонското оро и песна и се негуваат македонските вредности и култура.

МКУД „Македонски Бисери“ е основано во 2014 година со јасна цел за зачувување на македонската култура и наследство преку македонскиот фолклор, музика и јазично образование.

Со седиште во Волонгонг, Австралија, МКУД „Македонски Бисери“ им служи на заедница од 100 ученици, сите од кои се Македонци по потеклото од втора, трета или дури и четврта генерација.

Групата активно соработува со локални, државани и други организации на Македонската заедница со заедничка цел за промовирање и зачувување на македонското културно наследство во Австралија.

Би можело да ве интересира

Министерство за култура и туризам: Не е точно тврдењето дека повеќе од една година не сме седнале на преговарачка маса со синдикатите

Синдикатот на културата на Република Македонија поднел претставка до Меѓународната организација на трудот

Предраг Петровиќ

47. издание на фестивалот „Скопско лето“

А1он

Трето издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ