ВИДЕО: Драма кај Требиње: Пожарот се доближи до селата, пожарникарите цела ноќ ги бранеа куќите

Од:

Големиот шумски пожар, кој пред четири дена избувна во Попово Поле на територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина, се прошири и кон подрачјето на Требиње во Република Српска, при што огнената линија долга околу пет километри се доближи до селата Седлари, Грмљани и Полице.

Командирот на Територијалната противпожарна единица, Дејан Кашиковиќ, изјави дека ноќта била исклучително тешка и исцрпувачка, но благодарение на брзата реакција на пожарникарите, сите станбени и помошни објекти биле одбранети.

„Успеавме да ги заштитиме сите објекти во трите села, како и патната комуникација. Во утринските часови пожарот нагло се засили во реонот на Горни Грмљани, поради што веднаш беа ангажирани сите расположливи сили за да се спречи неговото понатамошно ширење“, изјави Кашиковиќ.

Според него, состојбата и понатаму е исклучително сериозна и непредвидлива, а пожарот дополнително го отежнуваат високите температури и ветерот, кои придонесуваат огнот брзо да се шири.

Поради опасноста, пожарникарите упатија итен апел до сите сопственици на куќи, викендички и имоти во загрозеното подрачје да се вклучат во акцијата за гаснење и заштита на своите домови.

Екипите и натаму се на терен и вложуваат максимални напори да го стават пожарот под контрола и да спречат негово проширување кон населените места.

Би можело да ве интересира

Потврдена трагичната вест: Државјанка на БиХ загина во пожарот кај Омиш

A1on

(ВИДЕО) Гори кај Улцињ: Пожарите уништија маслинови насади, огнот се приближува до црква

A1on

Три земјотреси ја погодија околината на Сараево за само два часа

Девојчето кое го загуби семејството на Халкидики по борба повеќе од еден месец се враќа дома

Предраг Петровиќ

Хаос во Романија: Пронајдени остатоци од повеќе дронови, војската на терен

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Потполн хаос: Аеродромот парализиран, продолжен прекинот на летовите

Предраг Петровиќ