(ВИДЕО) Катастрофа во Венецуела: Два страшни земјотреси го уништија Каракас, се стравува од огромен број мртви

Од:

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, прогласи вонредна состојба во земјата откако два исклучително силни земјотреси во само 40 секунди го погодија северниот брег и главниот град Каракас.

Американскиот геолошки завод (USGS) веќе издаде драматично предупредување, наведувајќи дека се очекува „голем број жртви“ и катастрофа од големи размери.

Според официјалните податоци, првиот земјотрес имал магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала и послужил како претходница на уште пострашен шок од магнитуда од 7,5 степени што следел помалку од една минута подоцна.

Земјотресите ја погодија земјата во 18:04 часот по локално време, во време кога Венецуела славеше национален празник. Ова значи дека огромното мнозинство граѓани биле во своите домови со своите семејства во времето на катастрофата.

Спасувачките служби на терен се тркаат со времето и ги пребаруваат урнатините на неколку срушени станбени згради во потрага по преживеани. Главниот меѓународен аеродром во Венецуела е целосно затворен за сообраќај поради сериозни оштетувања на инфраструктурата предизвикани од последователни удари.

Епицентарот на овие разорни земјотреси се наоѓал во областа западно од Каракас. Силно тресење на земјата се почувствувало низ целата земја, а брановите биле толку силни што ги вознемирија и жителите на Богота, главниот град на соседна Колумбија, оддалечен стотици километри.

Претседателката Родригез изрази сочувство до жртвите и нивните семејства и потврди дека има жртви, но во своето прво обраќање до јавноста не го прецизираше точниот број на жртви. Подетални информации се очекуваат во наредните часови.

Преживеаните жители на Каракас го опишуваат ужасот што го доживеале. Еден постар граѓанин, кој го преживеал разорниот земјотрес што го погоди главниот град во 1967 година, рекол дека денешните земјотреси се поинакви од сè што тој доживеал досега.

Друг жител на Каракас, кој успеал да избега од оштетената зграда во последен момент, накратко ја опишал ситуацијата: „Сцената беше како од хорор филм“.

По повод катастрофата во Венецуела, американскиот претседател Доналд Трамп се обрати и на својата платформа Truth Social, велејќи дека Соединетите Американски Држави се подготвени веднаш да реагираат и да испратат помош.

„Двата големи земјотреси што штотуку го погодија големиот народ на Венецуела се со огромни размери и оставија катастрофален број на жртви“, напиша Трамп.

Тој додаде дека веќе дал инструкции до американските владини агенции: „САД се подготвени, спремни и способни да помогнат! Им наложив на сите агенции на нашата влада да се подготват за брза акција. Ќе бидеме со нашите нови и одлични пријатели. Првите извештаи воопшто не се добри!!!“, наведе американскиот претседател во своето соопштение.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од моментот на страотниот удар на аеродромот во Каракас

ВИДЕО: Снимен моментот на страшниот удар во Венецуела

(ВИДЕО) Се слушаат луѓе како повикуваат на помош: Потресни снимки од Каракас, жителите ноќта ја минуваат на отворено и трагаат по исчезнатите

Трамп објави: Венецуела е 51-ва држава на Соединетите Американски Држави

Горан Наумовски

Добитничката на Нобеловата награда за мир одби да се сретне со шпанскиот премиер

Предраг Петровиќ

Куба: Од утре, повеќе немаме гориво за авиони