Почнува летото

Од:

Летото во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува денеска во 10 часот и 24 минути.

Во истиот момент, на јужната полутопка ќе настапи зимата.

Денеска е летниот солстициј – астрономски момент што го означува почетокот на најжешката годишна сезона и долгодневицата, кога денот е најдолг, а ноќта најкратка.

Во Скопје, Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути.

Денот ќе трае 15 часа и 14 минути.

На првиот ден од летото, синоптичарите најавуваат претпладне сончево и топло време, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северозападен ветер.

Максималната дневна температура ќе достиге до 35 степени.

Летото годинава ќе трае до 23 септември во 02 часот и 05 минути, кога ќе настапи есента.

Би можело да ве интересира

Летото ќе биде натпросечно топло, со жешки бранови со екстремни тепмератури

Почнува летото

Горан Наумовски

Заштитете ги нозете од проширени вени во текот на летото

Горан Наумовски

Продолжува пеколниот бран, портокалова фаза и денеска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: На плус 40 копаат, мешаат малтер и товараат песок, никој не се грижи за работниците

Габриела Димковиќ-Мишевска

Од вторник зголемување на температурите