Трамп: Иран е воено поразен, Обама и Бајден водеа слаба политика кон Техеран

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Иран е воено поразен и повторно остро ги критикуваше демократите, како и поранешните претседатели Барак Обама и Џозеф Бајден, велејќи дека тие воделе слаба политика кон Техеран.

„Будалите од радикалната левица и „дaмократите“ (навредлив термин за демократите) сфаќаат колку успешно ја водевме нашата војна против Иран, додека нивната земја е целосно воено поразена“, напиша тој на својата мрежа Truth Social.

Трамп рече дека поранешниот американски претседател Барак Обама им дал само милијарди долари во готово и никогаш не ја користел тогаш ослабената американска војска за да го направи она што било потребно за да се сопре Иран, најголемиот државен спонзор на тероризмот во светот.

Би можело да ве интересира

САД нудат до 10 милиони долари за информации за лидерите на ИРГК

САД ќе ги укинат визите за до 200.000 странци кои побарале азил

Авион на американските воздухопловни сили слета во Москва

Зеленски ја сподели пораката што му ја испратил Трамп за Денот на независноста

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Иран има одговор на економскиот удар од САД

Трамп подготвува најголемо укинување на визи во историјата