Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во вторникот изјави дека Полска направила „стратешка грешка“ со одлуката на нејзиниот претседател Карол Навроцки да му го одземе на украинскиот претседател Володимир Зеленски највисокото одликување на Полска, Орденот на Белиот орел.
– Одлуката да му се одземе на претседателот на Украина Орденот на Белиот орел е стратешка грешка на претседателот на Полска од која има корист само Москва, напиша Сибиха на Фејсбук, објави Ројтерс.
Навроцки во видео изјава рече дека одлучил да му го одземе на Зеленски Орденот на Белиот орел откако се согласил една од единиците на украинските вооружени сили да ја именува како „Херои на Украинската бунтовничка армија (УПА)“, објави новинската агенција ПАП.
