Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека открил дека „нема граници“ на неговата моќ по војната со Иран.
Во интервју за веб-страницата „Аксиос“, Трамп постојано зборуваше за моќта низ призмата на влијание врз другите лидери, наведувајќи дека учесниците на самитот на Г7 му верувале кога на шега рекол дека „тој е шефот“, и дека Израел многу го почитува и дека тие ќе „прават што ќе каже“.
Интервјуто е спроведено по самитот на Г7 во францускиот град Евиан, а пред објавувањето на книгата од новинарите Меги Хаберман и Џонатан Свон следната недела, во која тој открива дека се споредува со некои од најмоќните владетели во историјата, пишува „Аксиос“.
