Левица: Ревизија на ЦСР, деца со попреченост заглавени во бирократија, милиони исплаќани без основ

Од:

Последниот ревизорски извештај за работењето на центрите за социјална работа покажа дека најранливите категории граѓани се жртви на нефункционалноста и некоордираноста на институциите, велат од Левица.

– Наместо институциите да им бидат сервис на граѓаните, тие ги претвараат граѓаните во курири што трчаат од институција до институција за да си ги остварат своите законски права. Таков е примерот со родителите на деца со попреченост, каде ревизорите утврдиле дека Правилникот не е усогласен со Барањето кое како образец го дава ЦСР. Ревизорите утврдиле дека центрите барале документи кои требало сами да ги обезбедат по службена должност со што граѓаните биле изложени на дополнителни трошоци, губење време и административен лавиринт заради што многумина се откажуваат од правата што им следуваат.

Истото несогласување на правилнииците со барањата е констатирано и кај додатоците за домување, правото на инвалиднина и правото на социјална сигурност на стари лица.

Истовремено, поради отсуство на размена на податоци меѓу институциите државни средства завршувале кај лица кои не ги исполнуваат условите. Па така, поради немање размена на податоци со МВР, гарантирана минимална помош примале лица кои не ги исполнувале условите, односно поседувале возило. Исто така, поради немање на размена на податоци со Фондот за ПИОМ, 190 корисници на гарантирана минимална помош биле и корисници на пензија, за што неосновано се исплатени 10.7 милиони денари државни средства.

Ревизијата укажува и на тоа дека поради различно постапување на центрите за социјална работа се создал нееднаков третман на граѓаните. Додека едни непречено ги уживале своите права, други останувале без нив заради доцнење на лекарски комисии, неусогласени правилници и различно толкување на законите. Најчесто вакви случаи се појавуваат заради издавање на конзилијарни мислења кои може да траат со месеци, а во меѓувреме доаѓа до прекин во користење на правата што веќе ги оствариле.

Извештајот покажува дека поради раштиманиот систем голем дел од средставата се исплаќаат на граѓани кои што не ги исполнуваат условите, а од друга страна пак, граѓаните се задолжуваат со низа бирократски процедури поради кои што не ретко граѓаните се откажуваат од остваувањето на нивните права што дополнително им ја усложнува и онака тешката состојба, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Пристапот до дом е врзан со долг – наместо дом за секого, Владата создава профит за малкумина

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест

Горан Наумовски

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Горан Наумовски

Левица: Директорот Апостоловски трета година по ред им ветува аква парк на скопјани

Левица: Со пари од граѓаните РКЕ го полни со кеш контото на ЕВН

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он