Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Од:

Три малолетни деца – петнаесетгодишно девојче и нејзините двајца браќа на возраст од дванесет и девет години, биле пронајдени без реакција на допир на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово, информираа од СВР Куманово.

Според пријавата, случајот бил евидентиран вчера околу 10:40 часот, а според првичните информации, децата најверојатно биле затруени од вдишување лепак.

Тие веднаш биле пренесени во Општата болница во Куманово каде им била укажана лекарска помош.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски