Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лице осомничено дека денеска подметнало пожар во возила на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
Според првичните информации, непознато лице најпрво запалило патничко дипломатско возило „сузуки витара“, по што огнот се проширил и на друго возило кое било паркирано во непосредна близина и е сопственост на бугарската Амбасада. По извршувањето на делото, осомничениот избегал од местото на настанот.
Благодарение на брзата реакција на обезбедувањето на Амбасадата, пожарот бил навреме локализиран и изгаснат, со што била спречена поголема материјална штета и евентуално ширење на огнот.
На местото извршен е увид, а надлежните служби работат на утврдување на сите околности поврзани со инцидентот. Во тек е анализа на снимките од безбедносните камери и прибирање на други докази кои би помогнале во идентификацијата на сторителот.
Засега нема информации за повредени лица, а истрагата продолжува.
