Полициски службеници ја уапсија В.М. (42) од Прилеп, со престој во Тетово, а во селото Сараќино е уапсен Б.С. (37).
Како што соопшти полицијата, претходно во СВР Тетово е пријавено дека жена физички го малтретира своето тримесечно бебе.
Очевидци пријавиле дека таа го удира во асфалт своето тримесечно бебе
Лицата кои го пријавиле настанот интервенирале и веднаш ја известиле полицијата.
За случајот биле известени социјален работник и инспектор за малолетници, а двете лица биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
Од СВР Тетово информираат дека по целосното документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Надлежните институции продолжуваат со утврдување на сите околности поврзани со настанот, како и со проценка на состојбата и заштитата на детето.
