Левица: Директорот Апостоловски трета година по ред им ветува аква парк на скопјани

Од:

Во град кој секое лето се претвора во бетонска печка, каде температурите редовно надминуваат 40 степени, аква паркот во Скопје веќе три години постои само како ветување. Она што требаше да биде едно од ретките места за рекреација и разладување на граѓаните, стана симбол на неспособноста институциите да реализираат проект кој одамна е изграден и треба да биде во функција, велат од Левица.

– Особено иритира фактот што директорот, Данијел Апостоловски, со години наназад најавува отворање, секогаш „следното лето“, „за неколку месеци“, „наредната сезона“. Наместо отчетност за тоа зошто аква паркот не работи, скопјани добиваат нови рокови и нови оправдувања.

Проблемот е уште поголем ако се погледне пошироката слика. Езерото Треска, некогаш омилено скопско излетничко место, е оставено да пропаѓа (иако еден градоначалник ветуваше негова ревитализација). За базенот во истиот спортско-рекреативен центар „Борис Трајковски“, директорот Апостоловски најавуваше дополнително затворање заради санација. Наместо главниот град да располага со повеќе содржини за спорт, рекреација и разладување, една по една се губат и постојните.

Од друга страна, дури 48% од Македонците не можат да си дозволат летување од една недела, според податоците на Евростат.

Скопјани не бараат мегапроекти, туку тоа што веќе е изградено да функционира. Бараат Треска да не биде руина, базените да бидат безбедни, а аква паркот конечно да ги отвори вратите. Доколку директорот Данијел Апостоловски трета година по ред не може да го стави во функција аква-паркот, подобро да си поднесе оставка, отколку залудно да зема плата кога скопјани уште едно лето ќе го дочекаат без функционален аква-парк, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: За ДПМНЕ доволен е само владин записник за да се исплатат 300 милиони денари за Гета

А1он

Левица: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

А1он

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата