Маж избоде шест лица на железничка станица во Њујорк

Од:

Шест лица се повредени во напад со нож на станицата Пен во Њујорк, соопштија денес властите во Њујорк.

Градската противпожарна служба потврди дека добила повик дека непознат напаѓач избодел неколку лица на главната меѓуградска железничка станица во центарот на Њујорк, објави NBC News.

„Едно лице претрпе сериозни повреди, додека другите повреди се опишани како лесни до умерени. Петмина од повредените лица се однесени во болницата Белвју, додека шестото лице е однесено во болницата Корнел и има с полесни повреди“, се вели во соопштението на противпожарната служба.

Портпаролот на Амтрак изјави дека сите пациенти се стабилни и потврди дека на местото на настанот е пронајден нож, дека обезбедувањето на Амтрак уапси лице за кое се верува дека е ментално болно и дека нема индикации дека нападот е поврзан со тероризам.

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека бил известен за нападот и го пофали обезбедувањето на Амтрак за нивниот брз и ефикасен одговор.

„Моето срце е со сите повредени, нивните најблиски и сите погодени од ова неприфатливо насилство. Им посакувам на секоја жртва целосно и брзо закрепнување“, напиша Мамдани на својот профил со X.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, го осуди нападот, нарекувајќи го чин на ужасно насилство.

„Њујорчани заслужуваат да се чувствуваат безбедно каде и да одат и ние никогаш нема да престанеме да работиме за да се случи тоа“, рече Хочулова.

Би можело да ве интересира

Песков: Санкциите на ЕУ може да го отежнат договорот меѓу Русија и САД за испорака на гориво

Повеќето Американци сметаат дека Трамп ја користи својата функција за лично богатење

„Волстрит џурнал“: Иран ја зајакнува одбраната и се подготвува за нови напади

Трамп воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд

„Зеленски го загуби трпението, ги нападна Американците“

По повеќе од две децении и 4.500 загинати Американци: Утре и последниот американски војник треба да го напушти Ирак