(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Макрон и Мерц: Исклучително сум задоволен

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред почетоткот на работниот дел на самитот Европска Унија – Западен Балкан во Тиват, изјави дека на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц разговарале и за нон пејперот на Германија и Франција во кој се предлага постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправното членство.

– Имавме билатерална средба со канцеларот Мерц, разговаравме и на таа тема. Имаме ние свој инпут во сето тоа и свое мислење, што го пренесовме. Подетално ќе разговараме за време на работниот дел на самитот. Така што да бидеме трпеливи, сепак, ова се моменти кога практично ЕУ, односно Европскиот совет јасно кажува дека процесот на проширување останува жив, рече Мицкоски.

Она што е задача на македонската Влада, како што наведе, е „да го зачува тој процес, да напредуваме, но истовремено да не го загубиме достоинството како што тоа беше пример во изминатите децении кога станува збор за нашите македонски аспирации за членство во ЕУ“.

– Наша цел е да станеме држава која испорачува најмогу реформи, истовремено да останеме фокусирани на проширувањето и да го сочуваме националното достоинство, рече Мицкоски.

Нагласи дека е исклучително задоволен од средбата со Мерц, со кого, како што посочи, се знаат од состаноците на Европската народна партија, но ова им е прв состанок меѓу два премиери.

– Јас сум исклучително задоволоен од состанокот со Мерц, како и од она што го разговаравме на состанокот со францускиот претседател (Емануел) Макрон на работната вечера, како и со претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен. Да, се разбира дека уставните измени што ги прифати претходната влада, беа тема на состаноците. Нашиот став е дека ние заслужуваме многу повеќе од просечни политички медиокритети, како што беше претходната влада да ни ја креираат европската судбина. Мислам дека голем дел од земјите членки на ЕУ тоа го разбираат. Процесот на проширување е жив и добро е што таа порака денеска лидерите на земји членки на ЕУ ја испраќаат, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Проширувањето на ЕУ и интеграцијата на Западен Балкан во фокусот на самиотот во Тиват

Катерина Ѓуровски

Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа

До крајот на месецов ќе почнат разговорите за реконструкцијата на Владата

Помислив дека е нешто од рубриката „верувале или не“, вели премиерот за антикорупцискиот закон на СДСМ

ВИДЕО: Немам намера да поддржам авантура без извесен крај, Мицкоски пред средбата со Кошта

Катерина Ѓуровски

Антонио Кошта денеска во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски