Ексградоначалник на Свети Николе е осомничен за злоупотреба на службената положба

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, како што посочуваат од МВР, во својство на градоначалник на Општина Свети Николе, во текот на 2021 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени надлежности, постапил спротивно на одредбите од Законот за градење и Правилникот за начинот на издавање на одобренија за градење на тој начин што лично изготвил, потпишал и издал одобрение за градење, кое не било евидентирано во електронскиот систем на Сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални работи и оттуѓување на градежно земјиште при општина Свети Николе.

– Ваквото одобрение, кое е правно неважечко, било искористено од изведувач од Скопје, кој изградил објект во вредност од 15.488.1118 денари, за кој износ со наведеното дејствие е причинета штета на нарачателот. Дополнително, наведениот објект не е впишан во Агенцијата на катастар на недвижности Свети Николе, бидејќи претставува бесправно изграден објект – информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Градоначалник во Франција обвинет за силување и водење култ

А1он

Кривична за Гоце Ѓорѓиевски од Крива Паланка – ги спречи службениците од АХВ да заловат крави

А1он

Со тупаници ја претепа бремената девојка, за коса ја одвлечка во спалната и ја држеше заклучена 15 часа

А1он

Со општински пари екс-градоначалник на Росоман го исплати личниот долг од 500.000 денари

А1он

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Зохран Мамдани: Трамп нема да ме заплаши

А1он