Трамп се надева дека примирјето меѓу Изрел и Хезболах ќе биде „засекогаш“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека се надева дека договореното примирје меѓу Израел и Хезболах ќе биде долгорочно.

Тој во објава на социјалната мрежа Truth Social изјави дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, барајќи од него да не започнува голема воена операција во Бејрут.

– Ги врати своите војници. Ти благодарам! Разговарав и со претставници на лидерите на Хезболах и тие се согласија да престанат да пукаат врз Израел и нивните војници – напиша Трамп на социјалната мрежа Truth.

– Да видиме колку долго ќе трае, да се надеваме дека ќе биде ЗАСЕКОГАШ! – нагласи Трамп во објавата.

Тој претходно изјави и дека мировните преговори со Исламската Република Иран продолжуваат со забрзано темпо.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: „Од ноќеска тарифите за Србија повеќе не постојат“; „Америка ги укина царините од 35 отсто“

„Њујорк Тајмс“: Иран наводно планира напад врз Тел Авив во случај на понатамошна ескалација

Иран го отфрли предлогот на Трамп за прекин на огнот

Горан Наумовски

Трамп воведе нов бран царини: Погодени се повеќе од 60 земји

Израелците се загрижени: Иран се обновува многу брзо по повеќе од 20.000 воздушни напади

Трамп сака проширување на воените операции