Јанкуловски: Јавниот долг се управува одговорно, економијата расте со стабилни 3,5 отсто

Од:

Управувањето со јавниот долг, особено кога нивото е блиску до психолошката граница од 60 отсто од БДП, бара особена внимателност. Токму затоа оваа Влада е целосно посветена на зачувување на стабилноста на јавните финансии, паралелно со обезбедување средства за развој на државата, истакна заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски во одговор на пратеничкото прашање на Фатмир Битиќи од СДСМ, кој праша во каква состојба е буџетот на државата и дали ќе биде ликвиден.

Јанкуловски истакна дека како Влада имаат внимателен пристап во управувањето со јавниот долг, а економските показатели ја демантираат тезата која која ја пласира опозицијата.

-Ајде да зборуваме со бројки. Во 2017 година јавниот долг изнесуваше 4,78 милијарди евра, а до вториот квартал од 2024 година достигна 8,87 милијарди евра – речиси двојно зголемување во периодот кога вие бевте дел од власта и кога вие бевте вицепремиер за економски прашања. Во периодот од втората половина на 2024 година до првиот квартал на 2026 година, само за сервисирање на еврообврзници беа обезбедени 1,2 милијарди евра. Тоа е само главнината и само дел од наследените обврски. Дополнително постојат и други финансиски обврски поврзани со проекти и задолжувања на домашниот пазар. За нас е важно што дел од обезбедените средства се насочуваат кон проекти во општините и поддршка на економијата. Околу 250 милиони евра беа пласирани во економијата и тие средства, иако моментално се евидентираат како дел од јавниот долг, ќе се вратат во Буџетот. Најважно е што тие создаваат економска активност и придонесуваат за раст и развој, подвлече Јанкуловски.

Додаде дека оваа Влада во континуитет обезбедува реален економски раст.

-Последните шест квартали изнесува около 3,5 отсто што е јасен сигнал дека економијата се движи напред, дека се зголемува економската активност и дека растот е надграден со инвестиции и фискална стабилност. Овој раст директно го бјаснува и односот мегу долгот и бруто-домашниот производ. Однос кој се стабилизира и се движи во насока на постепено намалување и покрај сите обврски кои државата мора да ги сервисира од претходните години. Бидејќи бројката на процентот на јавниот долг во рангите на бруто-домашниот производи ќе ви стане јасно дека е и понизок од таа психолошка граница од 60 отсто. Тврдењата дека задолжувањата беа расипнички свестно игнорираат и фактот дека во 2025-2026 година доспеваат долгови и други обврски за отплата, но она што сакам да го потенцирам во овој момент е дека за разлика од вашето владеање, нашето покажа економски раст над 3,5 отсто во последните шест квартали, а вие од 2017 заклучно со 4 квартал од 2024 година двојно зголемивте јавниот долг, а што понудивте на граѓаните економски раст од минорни 1,9 отсто од бруто-домашниот производ, рече на крајот од одговорот Јанкуловски.

Пратеникот Битиќи не беше задоволен од одговорот на заменикот министер за финансии, а за второто негово прашање за задолжувањето на државата побара писмен одговор од Министерството за финансии.

На третото прашање од Битиќи до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за преземените мерки за помош на социјално ранливите групи, пратеникот доби одговор дека Владата нема да се занимава со краткорочни мерки, туку со сериозни политики и решенија кои ќе бидат долгорочни и кои ќе го одржат стандардот на граѓаните и нивната продуктивност.

Дурмиши најави зголемување за 20 отсто на платата во јавниот сектор оваа година и намалување на узвозот на земјоделски производи.

-Паралелно работиме и со структурните политики, коишто имаат за цел зајакнување на долгорочен план и намалување на сиромаштијата и затоа како Влада ги поддржуваме малите и средни претпријатија, кои се главната цел на движењата на нашата економија и каде се отвораат повеќе работни места, рече Дурмиши.

Пратеникот Битиќи не беше задоволен од одговорот на министерот и истакна дека не се разбрале најдобро иако прашањето го поставил на албански јазик, бидејќи пратеникот прашал кои се мерките што ќе бидат преземени за зголемување на просечната плата.

Меѓу одговорите на првите пратенички прашања имаше расправа меѓу координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и на СДСМ, Оливер Спасовски, околу отсуството на министри од седницата за пратенички прашања.

Би можело да ве интересира

Платите во јули пораснаа за над 10,5 отсто споредбено со јули 2024, а државниот и јавниот долг се намалени, вели Мицкоски

Бишев: Дополнителното задолжување не би ја поткопало фискалната стабилност и одржливост на јавниот долг

Стојаноски: Власта до крај на годината ќе се задолжи за нови 500 милиони евра, долгот ќе достигне 8.5 милијарди

ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот долг за три месеци порасна за 213 милиони евра и достигна 64,4% од БДП

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: За време на власта на Заев долгот порасна за 2,4 милијарди евра

Никола Јанкуловски реизбран за ректор на УКИМ

А1он