Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Од:

Владата го отфрли предлогот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за организирање референдум за европската иднина на државата, оценувајќи дека нема потреба да се трошат време и средства за таква иницијатива.

Од Владата порачаа дека членството во Европската Унија останува јасна стратешка цел на државата и посочија дека тоа, според нив, се потврдува преку конкретни чекори и политики што се спроведуваат во пракса. Како пример ги наведе укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ и отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија.

Во реакцијата, Владата потсети и на референдумот од 2019 година, оценувајќи дека тогашниот процес, организиран од СДСМ, бил без гаранции за европската перспектива на државата. Од таму обвинија дека опозициската партија и понатаму покажува попустливост кога станува збор за прашањата поврзани со македонскиот идентитет.

Претходно денеска, Филипче ја повика власта да распише референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за иднината на земјата и европскиот интегративен процес. Според него, одлуките за иднината на државата не треба да ги носи една политичка гарнитура, туку директно граѓаните.

Тој порача дека граѓаните и нивните семејства ќе ги чувствуваат последиците од политиките на Владата и нагласи дека токму затоа тие треба да имаат право сами да одлучат за европскиот пат на државата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар