Бројот на заразени лица на крузерот MV Hondius се искачи на 13 лица

Од:

Бројот на потврдени случаи на хантавирус поврзан со крузерот MV Hondius се искачи на 13, со три смртни случаи, изјави во среда генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, додавајќи дека немало смртни случаи од 2 мај.

Тој рече дека Шпанија пријавила нов случај меѓу патниците во карантин, со што вкупниот број на инфекции се искачил на 13, објави Ројтерс.

Според него, три лица починале од вкупниот број случаи, но немало нови смртни случаи од 2 мај, а ситуацијата е оценета како стабилна.

Гебрејесус додаде дека заразените патници ја добиваат потребната медицинска нега, додека остануваат во карантин.

Во изминатите две недели, сите преостанати патници, членови на екипажот и медицински персонал го напуштија крузерот MV Hondius, кој беше епицентарот на епидемијата.

СЗО наведува дека хантавирусите се вируси што ги пренесуваат глодари и можат да предизвикаат сериозни болести кај луѓето, при што се проценува дека секоја година низ целиот свет се пријавуваат од 10.000 до 100.000 случаи, во зависност од сојот на вирусот.

Би можело да ве интересира

Развојот на вакцина против хантавирусот ќе трае неколку години

Хантавирусот се шири низ Европа

Горан Наумовски

Повеќе од 1.700 луѓе се ставени во карантин на крузер во Бордо

12 вработени во холандскa болница се во карантин поради хантавирус

Паника во Европа: Хантавирус и Украина

Расте бројот на заразени со хантавирус, СЗО објави – Французинка од „бродот на смртта“ е во сериозна состојба

А1он