Повеќе од 1.700 луѓе се ставени во карантин на крузер во Бордо

Од:

Повеќе од 1.700 патници и членови на екипажот се во карантин на крузер закотвен во Бордо, по смртта на еден патник и сомневање за акутна цревна инфекција, соопштија денес француските здравствени власти.

На бродот има 1.233 патници, претежно Британци и Ирци, како и 514 членови на екипажот.

Покрај починатиот патник во неговите деведесетти години, околу 50 лица пријавиле гастроинтестинални симптоми и се тестираат за можно присуство на норовирус, објави BFM TV.

Првичните тестови спроведени на бродот го исклучија присуството на норовирус, но дополнителни тестови се во тек во Универзитетскиот клинички центар во Бордо.

Француските здравствени власти изјавија дека не ја исклучиле можноста за труење со храна, додека ја исклучија каква било врска со хантавирусот од кој неодамна починаа тројца патници на крузерот MV Hondius што пловеше од Аргентина до Зелен ’Рт.

Според здравствените власти, најголем број случаи на повраќање и дијареја се регистрирани на 11 мај додека бродот бил во Брест, додека починатиот патник починал пред да влезе во француското пристаниште.

Бродот денес се закотви во центарот на Бордо, без посебни безбедносни мерки на копно, додека некои патници фотографираа градот од палубата.

Крузерот „Амбасадор крузер лајн“, кој исплови од Шетландските Острови на 6 мај, претходно се закотви во Белфаст, Ливерпул и Брест, пред да пристигне во Бордо, од каде што требаше да го продолжи своето патување кон Шпанија.

Би можело да ве интересира

Бројот на заразени лица на крузерот MV Hondius се искачи на 13 лица

Развојот на вакцина против хантавирусот ќе трае неколку години

Хантавирусот се шири низ Европа

Горан Наумовски

12 вработени во холандскa болница се во карантин поради хантавирус

Паника во Европа: Хантавирус и Украина

Расте бројот на заразени со хантавирус, СЗО објави – Французинка од „бродот на смртта“ е во сериозна состојба

А1он