12 вработени во холандскa болница се во карантин поради хантавирус

Од:

Дванаесет вработени во болницата „Радбуд“ во холандскиот град Најмеген се ставени во карантин поради можна инфекција со хантавирус, објавија денес холандските медиуми.

Дванаесет вработени во болницата „Радбуд“ беа вклучени во случајот на пациент – патник на крузерот „Хондиус“ кој беше позитивен на хантавирус, објави „NL Times“.

Вработените во болницата не го следеа строгиот протокол при ракување со крв и урина на заразен пациент. И покрај нискиот ризик од инфекција, работниците ќе останат во карантин шест недели како мерка на претпазливост, објави болницата.

Од „Радбуд не прецизираа дали лицата во ризик се медицински сестри, болничари, лекари, студенти по медицина или работат на други работни места.

Три лица починаа од хантавирус по неодамнешната епидемија меѓу 147 патници и членови на екипажот на крузер под холандско знаме.

Две од жртвите беа идентификувани како брачен пар од холандскиот регион Фрисланд, додека третата беше пријавена како Германка.

Досега, најмалку седум лица се позитивни на хантавирус, а неколку други се осомничени дека ја носат инфекцијата.

Би можело да ве интересира

Бројот на заразени лица на крузерот MV Hondius се искачи на 13 лица

Развојот на вакцина против хантавирусот ќе трае неколку години

Хантавирусот се шири низ Европа

Горан Наумовски

Повеќе од 1.700 луѓе се ставени во карантин на крузер во Бордо

Паника во Европа: Хантавирус и Украина

Расте бројот на заразени со хантавирус, СЗО објави – Французинка од „бродот на смртта“ е во сериозна состојба

А1он