Европските комесари се сè повеќе незадоволни од задолжителните запирања на патот помеѓу Брисел и Стразбур за полнење на електричните службени возила на Европската комисија (ЕК), кои не можат да ја поминат 440-километарската рута до седиштето на Европскиот парламент без да ги наполнат батериите, изјавија денес европските претставници за Политико, додавајќи дека претставниците укажуваат дека инфраструктурата и навиките на корисниците сè уште не се подготвени за брзата зелена транзиција што ја заговара Брисел.
Според неколку извори, официјалните електрични возила што ги користат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и комесарите на службени патувања бараат паузи од 20 до 30 минути за полнење, што дополнително го продолжува патувањето кое вообичаено трае околу пет часа.
Претставниците истакнуваат дека жалбите на комесарите ги одразуваат и ставовите на некои политички групи и автомобилската индустрија, кои веруваат дека Европската комисија се обидува да ја спроведе зелената транзиција побрзо отколку што дозволуваат навиките на потрошувачите и постојната инфраструктура за полнење.
