Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го одбележа муслиманскиот празник Курбан Бајрам со остра критика кон израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нарекувајќи го „тиранин“.
Во разговор со новинарите по молитвата во џамијата Чамлица, Ердоган рече дека верува и дека „тиранинот познат како Нетанјаху“ ќе ја научи потребната лекција од муслиманите ширум светот, објави Анадолу.
Ердоган вчера разговараше по телефон со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за односите меѓу Турција и Иран, како и за регионалните и глобалните случувања.
Ердоган нагласи дека Турција ќе продолжи да дава секаков вид поддршка за разговорите за прекин на огнот меѓу САД и Иран да дадат поволен резултат.
