КСОМ предупредува на незадоволство меѓу вработените во ЈСП

Од:

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) во чиј состав е и синдикатот СПАИС во кој членуваат вработени од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) апелира до Град Скопје и до раководството на претпријатието да седнат заедно со синдикатот и да ги надминат проблемите со кои се соочуваат вработените.

Според синдикатот, вработените во ЈСП особено возачите реагираат на распоредите за работа за верски празници, а проблеми со кои се соочуваат вработените се и неисплатата на плати за време на празник и прекувремена работа.

– Целта е да се избегнат ситуации во кои работниците би биле принудени да ангажираат адвокати за да ги остварат своите права, имајќи предвид дека веќе постојат бројни тужби против ЈСП. Во изминатиот период, јавноста беше информирана за судските постапки, а, нивниот број можно е да се зголеми поради игнорирање на барањата од страна на раководството, истакнаа од синдикатот на денешната прес-конференција пред просториите на Трудовиот инспекторат.

Од Инспекторатот, како што посочија, ќе побараат вонреден инспекциски надзор со цел да се утврдат состојбите во претпријатието.

– Доколку плаќањето на верските празници е согласно закон, не би постоел проблем, меѓутоа според сознанијата, постојат бројни предмети пред судовите, а дел од нив веќе имаат пресуди, кои укажуваат дека празниците не се евидентираат и не се исплаќаат согласно Законот за работни односи. Според достапните информации, повеќе адвокати работат на стотици предмети поврзани со правата на вработените во ЈСП. Дел од нив се однесуваат и на дискриминација, бидејќи значителен број вработени од муслиманска вероисповед сметаат дека се ставени во нерамноправна положба, велат од синдикатот.

Оттаму апелираат да се надминат овие состојби без судски постапки, преку дијалог и почитување на законските одредби. Во спротивно, предупредуваат дека ќе следуваат нови тужби.

Би можело да ве интересира

Мустафаоглу: Ако договорот со „Маратон“ е чист зошто ЈСП со месеци го крие?

Предраг Петровиќ

Левица: Контролори ги казнуваат граѓаните за дефектите на ЈСП – пораката за платен билет стигнува по половина час

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП вози со половина од капацитетот: автобусите се стари, бројот на патници драстично намален

Катерина Ѓуровски

100 нови автобуси за Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски

Дел од автобусите на приградските линии на ЈСП не одат до крајните дестинации