Граѓаните паметат како Христијан Мицкоски пред изборите клечеше и молеше за власт, ветувајќи враќање на името, укинување на Преспанскиот договор и промена на преговарачката рамка, стои во соопштението на СДСМ.
– Ги излажа граѓаните.Денес во ВМРО признаваат дека Преспанскиот договор го заштитил македонскиот идентитет, јазик и култура, дека членството во НАТО е одлична работа. Лажниот патриотизам на Мицкоски целосно пропадна. Половина Влада му е со бугарски пасоши. ВМРО стана промакедонска партија затоа што не може да биде „македонска“.
Но Мицкоски не ги излажа граѓаните само со лажниот патриотизм. Ги излажа и за економијата.Ветуваше дека „ќе биде многу подобро“. Ветуваше „повисоки плати“. Ветуваше „подобар животен стандард„. Ветуваше „економија во фокусот“.И ништо од тоа не исполни.
После две години власт на Мицкоски, граѓаните живеат полошо, едвај врзуваат крај со крај и секој ден водат борба за преживување од први до први со најниски плати во Европа.
Празните паричници и празните фрижидери се најголемиот доказ за лагите на Мицкоски.Сиромаштијата достигна 21,9 проценти уште во првата година од неговото владеење.Наместо економијата во „фокусот“ му се само криминални тендери и сомнителни зделки.
Ветуваше „нови странски инвестиции“ а странските инвестиции се намалени за 61 процент, односно за 729 милиони евра помалку во 2025 година.
Ветуваше и „нови работни места„ а бројот на вработени во индустријата е намален за 2,8 проценти само за една година. Единственото нешто што Мицкоски не го вети а навистина го испорача е нов огромен долг на товар на народот. За само две години ја задолжи државата за нови 2,5 милијарди евра, а јавниот долг достигна историски рекордни 11 милијарди евра. Мицкоски ги излажа и ги изневери граѓаните, велат од партијата.
