Медведев: Пашинјан ја турка Ерменија по патот на Степан Бандера

Од:

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека ерменскиот премиер Никол Пашинјан, како што изјави, ја турка Ерменија по тажниот пат на бандеровата Украина, објавија руските медиуми.

Во интервју за руската агенција РИА Новости, Медведев остро ја критикуваше политиката на ерменскиот премиер, оценувајќи дека Пашинјан не знаел да ги цени, како што рече, бројните примери на братска помош и поддршка што Ерменија ги добила од Русија.

„Особено е опасно што привремениот лидер Никол активно ја турка својата татковина по тажниот пат на Бандерова Украина“, рече Медведев.

Медведев додаде дека Пашинјан, и покрај придобивките што Ерменија ги добива од членството во Евроазиската економска унија, одбива да учествува на самитите на таа организација, додека во исто време, како што изјави, ги собира подлите непријатели на Русија во Ереван. Медведев оцени дека ерменскиот премиер се обидува да се приближи до Европската Унија, но во исто време сака да ги задржи сите економски придобивки што Ерменија ги има во рамките на ЕАЕУ.

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност претходно му рече на Пашинјан дека треба да започне преговори за снабдување со американски течен природен гас сега, бидејќи, според него, придобивките од учеството на Ереван во ЕАЕУ би исчезнале ако Ерменија се преориентира кон Западот.

Би можело да ве интересира

Бабиш: Европа не прави ништо за да ја запре војната во Украина

А1он

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%

Загина британски војник во Украина

А1он

(ВИДЕО) Дали украинскиот државен обвинител побегна од земјата сред ноќ со службено возило?

А1он

Лидерката на АФД предупреди: Ќе престанеме да ја финансираме Украина и ќе бараме надомест, ќе го преиспитаме државјанството на Сиријците

(ВИДЕО) Русија повторно го нападна Киев: Погодена е деветкатница, има повредени