ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси

Од:

Очајот во СДС по случајот со откривањето на врската меѓу Филипче и Виктор Стојанов, преку испливување на сликата со Рубин Земон, доведе до паника во нивната партија. Мислат дека со лаги и ширење на невистини некој ќе им поверува, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцијата на СДСМ за тендерот за електричните автобуси.

Фотографијата во која наводно “откриле” нешто е тежок фалсификат и глупост. Јасно може да се види во писмото кое си го напишале сами во Центарот за лаги на СДС, дека лицето кое ја поднело жалбата – “ќе информира Белата куќа и МНР на САД”.

Овој документ е лажен затоа што МНР на САД не постои, туку Стејт Департмент.

Но, со оглед на тоа дека Жерновски им е меѓународен секретар кој не ја знае кратенката за НАТО, не нѐ чуди и оваа непромислена прес-конференција со која мислат дека ќе го затскријат срамот кој го направија на државата, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

Мицкоски: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит

Предраг Петровиќ