Зеленски со писмо до ЕУ: Предлогот за придружено членство на Украина е неправеден

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати писмо до лидерите на Европската Унија во кое остро реагира на германскиот предлог Украина да добие придружено членство во ЕУ без право на глас.

Според него, таквиот модел би бил неправеден кон Украина и би значел земјата да биде дел од Унијата, но без можност да учествува во носењето одлуки.

„Би било неправедно Украина да биде присутна во Европската Унија, а да остане без глас“, порачал Зеленски.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц претходно предложи Украина како преоден чекор да учествува на состаноците и самитите на ЕУ, но без право на гласање. Идејата, според Берлин, е да се забрза интеграцијата на Киев кон Унијата додека трае процесот на целосно членство.

Зеленски во писмото истакна дека Украина заслужува еднаков третман и целосно членство, особено поради улогата што ја има во одбраната на Европа за време на војната со Русија.

Писмото е испратено до претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и кипарскиот претседател Никос Христодулидис.

Предлогот на Мерц беше критикуван како опасен од земји членки на унијата, поради тоа што на Украина, надвор од строгите процедури и услови и се дава предност пред земјите од Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Американските стелт-ловци Ф-22 го напуштија Израел, на пат се кон САД

Предраг Петровиќ

Американските стелт-ловци Ф-22 го напуштија Израел, на пат се кон САД

Предраг Петровиќ

Русија и Кина разгледуваат заеднички мерки против Starlink, меѓу нив и уништување на сателити

Предраг Петровиќ

Поранешен украински премиер: НАТО никогаш нема да го прими Киев во Алијансата

А1он

Дрон се урна во рафинерија за нафта во Краснодарската област и предизвика пожар

Ројтерс: Путин се подготвува за ескалација на војната во Украина