Експлозија во кинески рудник за јаглен: Најмалку 82 лица загинаа, има уште луѓе под урнатините

Од:

Во кинески рудник за јаглен на северот од земјата се случи експлозија, при што загинаа десетици луѓе. Голем број луѓе се повредени, а најмалку девет од нив се заробени под урнатините.

Според првичните информации, 82 лица загинаа во рудникот за јаглен „Лиушенју груп“, кој се наоѓа во покраината Шанкси.

Во времето на експлозијата, според извештаите, имало 247 работници на должност, поради што се стравува дека бројот на загинати може да биде поголем. Најмалку девет лица се уште се заробени во урнатиот рудник, а некои медиуми известуваат дека може да има дури 38.

Спасувачките екипи се на терен во текот на целата ноќ, а околностите што ја предизвикале експлозијата сè уште не се утврдени.

Државната Кинеска централна телевизија (CCTV) емитуваше видео во саботата на кое се гледаат возила и екипи за итни случаи собрани на влезот во рудникот, со поставени безбедносни кордони.

Покраината Шанкси е позната по своите рудници. Иако Кина го намали бројот на жртви во рудниците во текот на 2000-тите, несреќите се сè уште чести поради недоволно осигурените услови за работа.

Би можело да ве интересира

Москва до Вашингтон: „Ослободете го Мадуро“

Прва средба по повеќе од четири години: Лавров разговараше со германскиот шеф на дипломатијата Вадефул

Предраг Петровиќ

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

(ВИДЕО) На работ на пропаст: Нема храна, вода ни лекови, луѓето од очај јадат трева

Колапс на системот: Кина итно побара од САД да престанат

Апсења во Њујорк: Нова закана за Нетанјаху?