АСОМ до пратениците: Не поддржувајте закон кој ќе остави на улица 10.000 луѓе

Од:

Почитувани пратеници во Собранието на Република Северна Македонија,

Откако на 14 мај, Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри и официјално пристигна во Собранието, ви се обраќаме со ова отворено писмо за јавно да ги разобличиме сите напади врз нашата индустрија и подмолната операција за уништување на легалниот сектор која се турка зад затворени врати.

Прво, јавно ве прашуваме: Зошто со години бегате од јавна дебата за овој важен закон? Зошто повторно, по толку многу верзии на законот пуштени до Собранието изминативе години, тој се пишува и се турка тајно, без вклучување на експертите и без објава на ЕНЕР? Ние, како легитимни претставници на 95% од легалниот пазар на приредувачи на игри на среќа во обложувалница, немаме што да криеме и сакаме јавно, пред граѓаните, да ги соочиме аргументите. Прашањето е дали Владата и Собранието имаат нешто да кријат? До кога ќе ја користите нашата индустрија за политички пазарења, држејќи 10.000 вработени во страв за сопствената егзистенција? АСОМ постојано нуди конструктивни решенија за европска регулација, но очигледно намерата не е суштинска заштита, туку политизација и остварување на прикриени лични интереси.

Второ, зошто бегате од фактите кои укажуваат на економска катастрофа? Алармираме дека предложените рестриктивни мерки се економски неодржливи и нивната имплементација неминовно ќе резултира со принудно затворање на целата легална индустрија. Воведувањето на оддалеченост од 500 метри од училиштата, како и астрономските давачки кои се дизајнирани со цел финансиско исцрпување и банкрот на легалните приредувачи. Со ваков закон се бришат 280 милиони евра од државниот буџет и се загрозуваат над 50.000 индиректни работни места во поврзаните гранки.

Трето, дали намерно го туркате општеството кон „Албанското сценарио“? Кога ќе ја затворите легалната индустрија, нема да ја искорените навиката за играње, туку ќе ја префрлите во темните подруми.

Како Асоцијација директно се обраќаме до албанските политички партии и до сите пратеници и прашуваме: Зошто не учите од искуството на Албанија? Таму затворањето на индустријата предизвика враќање на нелегалното играње и пораст на криминалот, по што државата мораше повторно да го врати легалниот систем. Рестриктивните закони никаде во светот не решиле проблем, туку само создале црн пазар кој не познава правила и не ги штити малолетниците.

Четврто, нели е крајно лицемерно да зборувате за „заштита“, а истовремено да воведувате државен монопол? Државата јасно воспоставува монопол со тоа што самостојно ги приредува интернет игрите на среќа, со што приватните лиценцирани приредувачи целосно се исклучуваат од можноста да приредуваат посебни игри преку интернет. Ова не е пазарна економија, ниту заштита на играчите, туку насилно преземање на бизнисот за богатење на државата и на поединци.

Секоја власт лицемерно го злоупотребува нашиот легален бизнис сектор за сопствени агенди. Сите компании кои се членки на АСОМ се врвно професионални и доследно ги почитуваат законите. Сè друго е политичка игра за оцрнување на оние кои чесно придонесуваат во економијата.

АСОМ цврсто порачува: Законот за затворање на легалните игри на среќа не смее да се изгласа. Бараме итно повлекување на предлог-законот од собраниска процедура и отворање на широка јавна расправа за конечно да се донесе европски и одржлив закон. Во спротивно, подготвени сме со сите расположливи средства, вклучително и масовни протести на десетици илјади наши вработени, да ја браниме нашата легална индустрија од политичките напади.

ПР текст

Би можело да ве интересира

„Сакам да работам“ до пратениците: Излегуваме на протести во одбрана на вистината!

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Катерина Ѓуровски

„Сакам да работам“ до премиерот: Зарем сега нема ред и дисциплина кога постоечката регулатива за игрите на среќа е една од најстрогите во регионот и пошироко

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Државата наликува на Лас Вегас, мора да има ред во игрите на среќа, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа преку ноќ

Отворено писмо на „Сакам да работам“ до македонските политичари: Застанете во наша одбрана, не дозволувајте да не избркаат од Македонија