Две лица загинаа, четворица се тешко повредени во пукотница во Шпанија

Од:

Напаѓачот кој уби двајца и рани четири лица, меѓу кои и двајца малолетници, во општината Ел Ехидо во шпанскиот град Алмерија и се предаде на полицијата, објавија шпанските медиуми, наведувајќи дека двете убиени лица се родители на напаѓачот.

Извори од Шпанската цивилна гарда потврдија дека едно од повредените деца, кое е во критична состојба, има седум месеци и дека станува збор за син на сторителот, објави „Ел Паис“. Повредено е и двегодишно дете, додека другите две се жена која е во сериозна состојба и шеесетгодишен маж.

Службите за итни случаи на Андалузија добија неколку повици за пукање во областа Ел Каналиљо, во општината Ел Ехидо.

Голем број членови на локалната полиција, националната полиција и цивилната гарда беа испратени на местото на настанот, а цивилната гарда распореди и членови на својата Група за брза акција (GAR) и ја презеде истрагата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напаѓач отвори оган на плоштад во Ница – две лица се убиени

А1он

Драма во Бразил: Пукање во училиште, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Четворица тешко ранети во пукотница во Лондон

Горан Наумовски

Пукање во Тузла: Едно лице убиено во населбата Миладије

Пензионер е уапсен за предизвикување хаос во Атина: Пукаше во двајца полицајци, па избега, има ранети

Горан Наумовски

Одбиен предлогот на Трамп Шпанија да биде исфрлена од НАТО