Детали за пукањето во Турција – jа уби поранешната сопруга, пa следуваше крвав поход

Од:

Најмалку пет лица се убиени денеска, а седум се ранети, кога вооружен напаѓач отвори оган во близина на градот Мерсин на југот на Турција, според турските медиуми.

Според наводите, осомничениот Метин О. (37) ја уби својата поранешна сопруга Арза О.(32) со огнено оружје, по што избега со автомобилот.

После тоа, тој наводно дојде во ресторан во населбата Кадели во населбата Тарсус, каде што отвори оган врз зградата од возило, според CNN Turk.

Според извештаите, напаѓачот прво отвори оган во ресторан, каде што се убиени најмалку две лица, додека уште две жртви се убиени на други локации.

По нападот, полицијата и жандармеријата започнале обемна потрага по осомничениот, со распоредување на копнени и воздушни единици.

Би можело да ве интересира

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации

Седум лица се уапсени за две брутални убиства во Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: најмалку 11 жртви и 27 повредени во сообраќајна несреќа

Катерина Ѓуровски

Најмалку деветмина загинати во масовно пукање во Пенсилванија

А1он

Турција ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 годишна возраст

А1он