Рјабков: Секој што ги потценува можностите на Русија ќе добие одговор

Од:

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија – Сергеј Рјабков, денес изјави дека Русија разбира дека не смее да ја поткопа стратешката стабилност, но во исто време мора одговорно да ги демонстрира своите воени способности за да „ги смири вжештените глави“.

Рјабков, коментирајќи ги наводите за известување на САД и другите земји за лансирањето на ракетата Сармат, рече дека е вообичаена практика да се разменуваат информации за системите за стратешки дострел пред или за време на нивното воведување во арсенали, објави Интерфакс.

„Во сите вакви ситуации, Москва поаѓа од разбирањето дека стратешката стабилност не смее да се наруши, туку мора одговорно и смирено да ги демонстрира своите способности“, рече Рјабков.

Во својата изјава, тој ги критикуваше и западните земји, наведувајќи дека „се применуваат различни безбедносни концепти“ и предупреди дека Русија дејствува исклучиво во рамките на своите безбедносни интереси.

Рјабков рече дека Русија „не живее во светот на бајките“ и дека оние што ги потценуваат нејзините способности „ќе добијат одговор“, но не даде повеќе детали.

Би можело да ве интересира

По Трамп, и Путин во посета на Кина

А1он

Тревога во Киев: Резиденцијата на Зеленски и уште 20 клучни цели се цел на напад

Бројот на жртви во рускиот напад врз Киев се искачи на 24, меѓу нив има и три деца

Развојот на вакцина против хантавирусот ќе трае неколку години

Се зголемува бројот на жртви од рускиот напад врз Киев, 40 се повредени

Путин: Русија ќе продолжи да ги модернизира своите нуклеарни сили