ВРЕДИ: Новиот закон за игрите на среќа e за заштита на албанското семејство

Од:

За првпат по многу години, државата го става интересот на граѓаните пред интересот на коцкарската индустрија. Владата презема конкретни чекори за воспоставување ред, одговорност и вистинска заштита за семејствата, младите и иднината на нашето општество, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. Следува интегралниот текст:

„Новиот закон за игрите на среќа не е само мерка против казината. Овој е закон во заштита на албанското семејство и на секој граѓанин кој со години гледал како коцкањето уништува семејни економии, ги загрозува младите и се шири во близина на училиштата и нашите населби.

Преку овој закон се гради систем во кој се заштитуваат:
* семејствата од осиромашување и долгови,
* младите од зависност и социјална деградација,
* семејната економија од финансиско уништување,
* училиштата и образовните простори од влијанието на индустријата на коцкањето,
* како и моралниот и општествениот ред кој со години бил нарушуван од неконтролираното ширење на игрите на среќа.

Минималната дистанца од 500 метри од училиштата, забраната за агресивно рекламирање на игрите на среќа и новите законски ограничувања се конкретни мерки што покажуваат дека државата конечно дејствува во интерес на граѓаните, а не на тесни финансиски интереси.

За ВРЕДИ, заштитата на семејството и младите не е политички слоган, туку морална и институционална обврска.

Општеството не може да се гради врз зависности, долгови и губење надеж. Општеството се гради врз силни семејства, заштитени млади и институции што имаат храброст да го стават јавниот интерес над интересите на индустриите што ги штетат граѓаните.

Ова е само почеток на враќањето на редот, одговорноста и достоинството во општеството“, смета ВРЕДИ.

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа претходно се огласи со соопштение во кое наведе дека дистанцата на легалните објекти за игри на среќа со образложение дека така се заштитува младината, не оди заедно со одредбата со која државата го задржува правото да организира интернет игри на среќа. Младината преку мобилните уреди ќе може од било каде да ја следи или да игра на државната онлајн платформа за игри на среќа. Оттука, дистанцата нема никаков рационален ефект ниту оправдување, наведоа од АПИС.

Би можело да ве интересира

Aпел за собирање парични средства за операција на Нина

Предраг Петровиќ

Тврдењето за непотребни операции на срцe ја губи основата: Eкспертите посочиле сомнителна дијагностичка евалуација

Писмен став за новиот Предлог закон за игри на среќа

Горан Наумовски

Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не ги сака балканските проблеми

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Бугарската министерка за надворешни работи предупредува на застој во евроинтеграцијата на Македонија