Јаневска: Со законските измени ќе се санкционираат родителите чии деца се насилни

Од:

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека се работи на законските измени со кои ќе се предвидуваат санкции за родителите чии деца прават насилни дела. На денешната прес-конференција, министерката рече дека со пратениците веќе се работи на дефинирање на законските измени.

– Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците. Ммислам дека во овој момент се во Собрание за да ги дооформат тие предлози. Веќе тоа е донесена одлука, тие измени ќе се направат и останува казната од 250 евра за секое сторено насилно дело на детето да биде казнет родителот, но и тоа што е многу важно, и кога родителот ќе одбие да соработува со училиштето и другите институции, рече Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање.

Министерката Јаневска ги најави законските измени пред два дена посочувајќи дека мора да се создаде безбедна училишна средина откако во изминатиот период јавноста е сведок на неколку случаи на врсничко насилство од кои последниот во основното училиште „25 Мај“ во Ченто кога со остар предмет беше повреден 15-годишен ученик.

Би можело да ве интересира

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска до Јаневска: Затворивте 26 училишта – дали сè уште планирате да станат старски домови?

ХЕРА до Министерството за образование: Ќе ги тргнете часовите, но не и силувањата, уцените, ХИВ и раните бремености

A1on

Јаневска: Изборниот предмет Сеопфатно сексуално образование го повлекуваме и ќе направиме длабока ревизија по барање на јавноста

ПИСА 2025: Македонските ученици под просекот на ОЕЦД во математика, читање и наука

Јаневска за затворањето училишта: Ова се болни реформи, но во моментов сме во критична ситуација