Иран: Постигнавме договор со Кина за Ормутскиот теснец

Од:

Иран почна да дозволува одредени кинески бродови да минуваат низ Ормутскиот теснец откако постигна договор за правилата на Иран за управување со водниот пат, објави денес полуофицијалната новинска агенција Фарс, повикувајќи се на информиран извор.

Извештајот на Фарс дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп, кој е во државна посета на Кина, постигна договор со кинескиот претседател Си Џинпинг дека Ормутскиот теснец мора да остане отворен за слободен проток на енергија.

Изворот изјави за Фарс дека одлуката е донесена по барање на министерот за надворешни работи и амбасадорот на Кина во Иран, при што Техеран се согласил да го олесни преминувањето на одреден број кинески бродови во согласност со стратешкото партнерство на двете земји.

Откако започнаа нападите на САД и Израел на 28 февруари, Иран значително го ограничи сообраќајот низ Ормутскиот теснец.

Блокадата на иранските пристаништа од страна на САД, воведена неколку дена по договореното примирје на почетокот на април, ја продолжи кризата во водниот пат низ кој минува една петтина од светската нафта и природен гас.

Не беше веднаш јасно до кој степен овој потег ќе ја промени ситуацијата на терен, со оглед на тоа што Иран веќе за време на војната посочи дека неутралните бродови, особено оние поврзани со Кина, можат да поминат низ теснецот ако се координираат со вооружените сили на Иран.

Податоците од следењето на бродовите покажаа дека кинески супертанкер што превезувал два милиони барели ирачка сурова нафта поминал низ Ормутскиот теснец во среда откако бил блокиран во Персискиот Залив повеќе од два месеци поради американско-иранската војна.

Би можело да ве интересира

Рубио: Кина и САД се согласуваат дека Ормутскиот теснец не смее да се милитаризира

Лавров: Русија е подготвена да помогне во решавањето на прашањата поврзани со Иран

Арагчи: ОАЕ беа директно вклучени во нападите врз Иран

Си: Нашите две земји треба да бидат партнери, а не соперници

Трамп тврди дека иранската армија е уништена, американски разузнавачи велат дека не е

Тајван ја обвинува Кина: Вие сте единствениот извор на несигурност во регионот

Катерина Ѓуровски