Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Од:

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Антонио Милошоски, денеска обвини дека шефот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, донел „контроверзна одлука“ со која е запрена постапката поврзана со набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вредна 167 милиони евра.

На прес-конференција, Милошоски тврдеше дека со одлуката е запрена истрагата во која, како што рече, осомничени биле поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски, како и други лица поврзани со случајот.

Според него, јавноста во овој предмет видела сомнежи за перење пари, криминал и штета врз животната средина, додека обвинителството оценило дека нема доволно докази за продолжување на постапката.

„Довербата во правосудството, која и онака е на ниско ниво, со вакви одлуки дополнително се нарушува“, изјави Милошоски.

Тој посочи дека бегството на Васко Ковачевски од земјата, според него, претставува сериозна индиција која требало да биде дополнителен мотив за продолжување на истрагата, а не причина за нејзино затворање.

Милошоски потсети и на наодите на Државната комисија за спречување на корупцијата, според кои, како што рече, на фирмата РКМ ѝ биле исплатени средства за количини мазут што не биле целосно испорачани.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа одговор на три прашања: врз основа на каква проценка е донесена одлуката за запирање на постапката, зошто тоа е сторено токму сега кога Ковачевски е недостапен за органите на прогонот и дали биле сослушани сите засегнати страни пред донесувањето на одлуката.

Партијата побара Ислам Абази да поднесе оставка од функцијата шеф на ОЈО ГОКК.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Обвинителството по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски