Иран егзекутираше студент, наводeн агент на ЦИА и Мосад

Од:

Иранските власти денес го егзекутираа Ерфан Шакурзаде, 29-годишен дипломиран студент во Техеран, под обвинение за шпионажа. Според „Гардијан“, Шакурзаде е обесен откако е прогласен за виновен за соработка со американската ЦИА и израелскиот Мосад, објави официјалниот ирански судски портал Мизан Онлајн.

Норвешката група за човекови права Иран Хјуман Рајтс (ИХР) вели дека младиот човек бил студент на престижниот Универзитет за наука и технологија во Техеран. ИХР го опишува како „врвен студент“ кој бил држен во самица, систематски мачен и на крајот принуден да дава лажни признанија додека бил во затвор.

Пред неговата егзекуција, Шакурзаде успеал да испрати последна порака во која цврсто ги негира сите обвиненија. Тој тврдел дека доказите против него се целосно измислени и дека обвиненијата за соработка со странски разузнавачки служби биле подметнати против него.

Ова е петто лице кое Техеран го егзекутира под обвинение за шпионажа откако војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга страна започна кон крајот на февруари.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Војната со Иран не е завршена

Горан Наумовски

Иран: Имаме решение за блокадата

Горан Наумовски

Багеи: Нашиот предлог за прекин на конфликтот беше легитимен и великодушен

Иран бара воена репарација, целосен суверенитет над Ормутскиот теснец…

Горан Наумовски

Трамп: Одговорот на Иран е целосно неприфатлив

(ВИДЕО) Трамп: Го надгледуваме иранскиот ураниум, ако некој се приближи, ќе го разнесеме