Иран: Вашингтон мора да ги исполни условите на Техеран доколку сака крај на војната

Од:

Војната што ја водат САД и Израел против Иран нема да заврши преку воени средства или заострување на санкциите; напротив, таа може да се реши само доколку САД „ги исполнат барањата и условите на Иран – кои се наведени во план од две точки и сè уште се на маса“, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи.

Според него, САД исто така мора да почнат да користат „јазик на почит“, пренесува новинската агенција ИРНА.

Аракчи истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп „одамна требаше да сфати дека не постигнал – и нема да постигне – ниту една од своите цели во војната против Иран“.

Коментирајќи го слабиот резултат на Републиканската партија на Трамп на неодамнешните избори во САД, Аракчи рече дека на Трамп „не му требаше потврда од американскиот народ за тоа дека тие се противат на војна со Иран и не сакаат нивната земја постојано да биде вовлекувана во конфликти за да го поддржува ционистичкиот режим“.

Тој предвиде дека нема да помине долго време пред Трамп да сфати дека тргнал по погрешен пат во однос на санкциите и економскиот притисок.

Претходно, „Ал Џезира“ објави дека претставници на САД и Иран продолжуваат да соработуваат со посредници за да разговараат за клучните детали од договорот чија цел е ставање крај на војната, која трае веќе осум месеци.

Би можело да ве интересира

САД: „Подготвени сме за напад“

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

ВИДЕО: Иран објави снимки од воените тунели