Пукање во Хрватска: Убил шеф на полиција, па пукал во себе

Од:

Утрово во кафуле во Крапина во Хрватска се случи пукање.

Полициската управа Крапино-Загорје потврди дека маж (52) пукал и убил полицаец (52), кој во моментот на инцидентот не бил на должност. Потоа се застрелал и со хеликоптер бил префрлен во болницата Дубрава.

Загорје Интернешнл разговарал со сведок, келнер во кафулето, Доријан Шваљек, кој видел сè.

„Човекот влезе со пиштол, се сврте кон него и го застрела три пати, потоа излезе надвор и се застрела. Немаше никаква расправија, ништо… Тој само влезе во кафулето и пукаше“, рекол Шваљек, кој во тој момент брзо се скрил во магацин
Во тој момент во кафулето имало околу 15 луѓе, вели тој. Сите избегале во еден миг.

„Беше ужасно. Се криев во магацинот околу 10 минути, додека не пристигна полицијата“, додаде келнерот.

Неговата колешка Викторија Жижак во тој момент примала нарачка од убиениот човек.

„Го уби пред моите очи. Го застрела три пати без да каже ниту збор. Само го насочи пиштолот и пукаше. После тоа, ме погледна, а јас истрчав во магацинот“, вели таа.

Би можело да ве интересира

Истрага: Хрватска европратеничка ги доведе пријателите во Стразбур и потроши над 1.000 евра за вечера во елитни ресторани

А1он

Ветераните бараат да му го откажат настапот на Бајага во Пула: Градоначалникот остро им одговори

Во Загреб пронајдени распаднати човечки останки, припаѓаат на поранешен хрватски ММА борец

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

40 години затвор за убиецот на младиот доставувач на храна во Хрватска

Катерина Ѓуровски

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он