(ВИДЕО) Навивачите му извикуваа „Меси“ на Роналдо од трибините, одговори на неочекуван начин

Од:

Кристијано Роналдо повторно беше мета на провокации од навивачите кои го скандираа името на Лионел Меси од трибините. Португалскиот фудбалер одговори на тоа на неочекуван начин – се сврте кон публиката и почна да мавта со рацете како да диригира оркестар, а видеото веднаш стана хит на интернет.

Инцидентот се случи за време на натпревар од саудиската лига помеѓу Ал-Наср на Роналдо и Ал-Шабаб. Навивачите на соперничкиот клуб се обидоа да го декоцентрираат Португалецот во играта скандирајќи го името на неговиот голем соперник, но тој одговори мирно и театрално. Неговиот гест брзо се прошири на социјалните мрежи. Патем, Ал-Наср го доби тој натпревар со 4:2, а Роналдо беше меѓу стрелците.

Ова не е прв пат навивачите на Ал-Шабаб да го користат истиот метод на провокација. Во 2024 година, Роналдо беше суспендиран и казнет за неговата реакција на слични извици. Овој пат, сепак, неговата реакција беше многу повоздржана и без несоодветни потези.

Роналдо се приклучи на тимот на Ал-Наср во декември 2022 година. Досега има постигнато 100 гола во дресот на саудискиот клуб, додека во целата своја кариера има импресивни 971 гол. Неговиот тим моментално е лидер во саудиската лига со пет бода предност пред Ал-Хилал, три кола пред крајот на сезоната. Наскоро се очекува славниот Португалец да настапи на своето шесто Светско првенство во кариерата.

Би можело да ве интересира

Капело за бразилскиот Роналдо: Мислеше само на жени и ноќен живот!

А1он

Половина милијарда луѓе сакаат да одат на Светското првенство, премиум билети за финалето по цена од речиси 9.000 долари

Предраг Петровиќ

Базел го откажа концертот на познатиот рапер на својот стадион, бидејќи не „ги делат вредностите на клубот“

Шокантен пораз на Зверев

Шампионката на Вимблдон се соочува со четиригодишна суспензија

Погина Алекс Манингер