Неколку европски авиокомпании моментално подготвуваат кризни планови за летната сезона поради можен недостиг на керозин, објавува италијанскиот весник „Кориере дела Сера“. Причината, како што е наведено, е блокадата на увозот на авио гориво поврзано со ситуацијата во Иран, што може да доведе до промени во распоредот на летови и откажување на одредени летови.
Иако моменталните залихи се сè уште доволни, нискобуџетниот превозник „Рајанер“ веќе се подготвува за најлошото сценарио.
– Засега нема ништо конкретно, но бидејќи Ормутскиот теснец е сè уште затворен, проблемот со снабдувањето станува сè посериозен за нашиот сектор од недела во недела – изјави извршниот директор на „Рајанер“ – Мајкл О’Лири, за „Кориере дела Сера“.
Според него, доколку испораките на керозин не продолжат до почетокот на јуни, може да има итни мерки, вклучително и откажување на одредени летови.
Први на удар би биле домашните летови, додека приоритет би им се дал на утринските, доцните попладневни и вечерните летови, со цел да се олесни патувањето за деловните патници.
Комесарот за туризам на ЕУ, Апостолос Цицикостас, предупреди дека ситуацијата е сè уште „нестабилна и неизвесна“ и нагласи дека соработката меѓу земјите-членки е клучна за надминување на кризата.
