САД воведуваат нови санкции врз Иран и Ирак

Од:

САД денес воведоа нови санкции поврзани со Иран, вклучувајќи мерки против ирачкиот заменик-министер за нафта Али Мариџ ал-Бахадли и неколку ирачки поединци и компании за кои Вашингтон тврди дека се поврзани со проирански групи, објави Министерството за финансии на САД.

Според веб-страницата на Министерството за финансии на САД, санкциите се воведени против ал-Бахадли затоа што, според Вашингтон, тој учествува во шема за пренасочување и продажба на нафта во корист на Иран, објави Ал Џезира.

Американските власти тврдат дека ова е злоупотреба на положбата за олеснување на финансирањето на иранската влада и групите што САД ги означуваат како поврзани со Техеран, како и дека ова ја загрозува безбедноста на Ирак.

Вашингтон објави дека мерките се дел од поширока стратегија за зголемен економски притисок врз Иран и дека тие се насочени кон, како што е наведено, „главниот извор на приход“ на иранскиот режим. Американските власти објавија дека се воведени санкции и против поединци и бизниси кои, како што тврдат, го експлоатираат нафтениот сектор на Ирак и ја поткопуваат безбедноста на земјата.

Би можело да ве интересира

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Нетанјаху: Израел не планира превентивен напад врз Иран, но ќе одговори ако биде нападнат

Американските сили уништија ирански брод во Оманскиот Залив