Левица: Контролори ги казнуваат граѓаните за дефектите на ЈСП – пораката за платен билет стигнува по половина час

Од:

Во град каде автобусот доаѓа како природна непогода – непредвидливо и ретко, сега граѓаните се казнувани и за дефектите на самиот систем на ЈСП. До нас пристигнуваат информации дека граѓаните уредно плаќаат билет преку телефон, а пораката за успешно плаќање стигнува по 20-30 минути, велат од Левица.

– Во меѓувреме, контролорите настапуваат како улични извршители – дрско, агресивно и без никакво разбирање за очигледниот дефект на системот пишуваат казни. Наместо да се насочат кон проблемот, тие се истураат врз граѓаните кои и онака се лишени од нормален и достоинствен јавен превоз.

И додека скопјани секој ден се вртат по преполни автобуски станици „чекајќи го Годо”, ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски продолжуваат да продаваат евтин ПИАР за подобрена состојба и скоро па решен проблем (којшто, впрочем, не смее да се заборави дека тие го создадоа поради каприц со екс-градоначалничката Данела).

Денес ЈСП не може навреме да испрати ниту обична порака за платен билет, но затоа експресно испраќа контролори да се закануваат и изживуваат врз патниците. Во системот на ДПМНЕ, секогаш најлесно е вината да му се префрли на граѓанинот, но никогаш на неспособното раководење.

Орце Ѓорѓиевски пред избори ветуваше дека хаосот во јавниот превоз ќе биде решен веднаш. Денес, единствено што е „веднаш“ е казната за граѓаните, додека дефектите, доцнењата и распадот на ЈСП со месеци никој не ги решава.

Апелираме до Ѓорѓиевски и директорот на ЈСП да им укажат на контролорите дека не треба граѓаните да ги третираат како измамници, туку оние коишто се расфрлале со ветувања за брзо решавање на проблемите, се вели во реакцијата од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Левица: Орце и ДПМНЕ повторно ги оставија жртвите на семејно насилство на цедило – не ги обезбедија ветените субвенции за кирии

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ и СДСМ беседат само за ЕУ, а извештајот на ЕК ги потврдува критиките на Левица за корумпираните политики

Катерина Ѓуровски

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби