ВИДЕО: Камион удри во далновод и се запали: Неофицијално, возачот е од Македонија

Од:

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнето на автопатот А3 кај Среданац во правец на Брегана, кога камион ja проби ограда, удри во далновод и се запали. Возачот за кој медиумите пренесуваат дека најверојатно е од Македонија, остана заробен во возилото.

Пријавата за сообраќајната несреќа ја примил Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа Брод-Посавина во 14:18 часот. Се однесувала за пожар во камион во кој имало едно лице.

„Возилото ја проби централната заштитна ограда од јужната лента на автопатот и заврши на северната лента, удирајќи во далновод. Сите служби за итни случаи беа испратени на местото на настанот, а ќе следи истрага, која ќе ги утврди фактите и околностите поврзани со инцидентот“, соопшти полицијата од Брод-Посавина.

Според ХАК, возењето низ одморалиштето Среданци се одвива бавно, а линијата е долга околу три километри.

Според неофицијални информации од локалниот онлајн портал SB, возачот бил заробен во возилото и починал. Наводно станува збор за постар државјанин на Македонија.

Точната причина за несреќата и дали има повредени ќе се знае по истрагата.

Би можело да ве интересира

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу нив и поранешната висока функционерка на МВР, Дијана Хркаловиќ

Предраг Петровиќ

Судот го одби барањето за притвор на директорот на гимназијата: Стојковиќ ќе се брани од слобода

(ВИДЕО) Снимен падот на хеликоптерот на ЕУФОР кај Брчко: Се вртеше во воздухот пред да се урне

Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко, тројца загинати

Предраг Петровиќ

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица